Штип со свеќи и ѕвездено небо им оддаде почит на жртвите од Пулс
17.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Независниот синдикат на професионални воени лица тврди дека додека министерот за одбрана промовира реновирани објекти во касарната „Јане Сандански” во Штип, 90 отсто од војниците живеат во руинирани згради од времето на ЈНА кои не биле обновени 35 години.
„Погледнете ги објектите градени од поранешната ЈНА кои не се обновени оттогаш, каде што живеат 90% од професионалните војници – ниту една инвестиција за 35 години. Погледнете ги санитарните и условите за исхрана во најголемата кујна во Македонија”, изјави претседателот на синдикатот Александар Насковски.
Синдикатот обвинува дека лебарки шетаат по лебот наменет за војниците, а состојбата во армиските објекти е катастрофална.
Тие ја припишуваат оваа кампања на критиките што претходно ги упатиле за условите во Армијата, вклучувајќи проблеми со хигиената, појава на шуга во касарната во Велес и извештаи за дотраена постелнина и душеци.
Синдикатот тврди дека и покрај рекордниот воен буџет, министерот се фали со „модерна инфраструктура” реновирајќи само одбрани објекти, додека Македонија има уште десет касарни и стотици објекти кои бараат итна обнова.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Извршниот одбор на СДСМ покрена постапка за исклучување на поранешниот градоначалник на Скопје. Партијата го обвинува дека работи за ВМРО-ДПМНЕ.
За изборот на судијата од Основниот кривичен суд се потребни 61 глас. Советот на обвинители даде позитивно мислење за четири...
Од вторник до петок Македонија ќе биде под влијание на ладен циклонски систем со врнежи и засилен ветер.
Амбасадата најави нов лет, додека досега 458 патници беа евакуирани со четири летови од Блискиот Исток.
Скопје се збогува со Драган Пароски, познатиот продавач кој и тоа што го немаше го делеше со уличните кучиња.
Полицијата спроведе интензивна контрола на моторџиите во Скопје со 91 казна и одземени мотоцикли.
ЕВН и Водовод најавија планирани прекини во Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и околината на Железничка.
И покрај ветувањата за реформи по трагедијата во Пулс, условите за безбедност во угостителските објекти сеуште не се заострени.