Штип добива Фонтана на ангелите во спомен на жртвите од Пулс
18.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Партијата Левица остро реагира на најавеното зголемување на цената на електричната енергија од јануари, оценувајќи дека наместо подобар животен стандард, граѓаните ќе се соочат со повисоки сметки поради, како што велат, „немањето визија на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, кој се претставува како енергетичар“.
Од Левица наведуваат дека Македонија е во енергетски колапс, што, според нив, се потврдува со прогласената кризна состојба и одлуката на Регулаторна комисија за енергетика за зголемување на цената на струјата, донесена, како што тврдат, под диктат на приватниот монопол ЕВН Хоум.
Партијата потсетува дека Владата ветувала укинување на надоместокот за мрежарина од 200 денари, но тоа не се случило, а во меѓувреме, според нив, граѓаните во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.
„Ова е доказ дека енергетскиот сектор е поставен да обезбедува сигурен профит за приватниот капитал, а оваа влада е во служба на енергетската мафија“, велат од Левица.
Во соопштението, партијата упатува и лични обвинувања кон премиерот, тврдејќи дека тој своето богатство го стекнал преку приватни хидроцентрали и сомнителни бизниси во енергетиката, за кои, како што велат, јавноста нема целосни информации.
„Очекувано е премиер кој доаѓа од приватниот енергетски сектор да ги брани интересите на бизнис-олигархијата, а не интересот на мнозинството граѓани“, се наведува во реакцијата потпишана од партијата на Димитар Апасиев.
Дополнително, Левица ја критикува РКЕ и нејзиниот претседател Марко Бислимоски, оценувајќи дека институцијата е „целосно непотребна“ и дека само ги аминува барањата на австрискиот капитал. Партијата најавува дека ќе бара укинување на РКЕ, итно замрзнување на цената на струјата за домаќинствата и преиспитување на донесената одлука, како и ЕСМ трајно да биде законски универзален снабдувач.
Според одлуката на РКЕ, електричната енергија од јануари ќе поскапи од 2,45 проценти во првиот тарифен блок до 3,84 проценти во четвртиот. За околу 85 проценти од граѓаните, кои се во првиот блок, сметките ќе се зголемат во просек за околу 57 денари месечно, додека за домаќинствата со најголема потрошувачка, во четвртиот блок, зголемувањето може да достигне и до 900 денари. Поскапување од околу 2,5 проценти ќе има и кај евтината струја.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Поставен камен-темелник за меморијалната фонтана посветена на петте штипјани загинати во трагедијата во Кочани.
АМСМ информира за влажни коловози и снежни врнежи на повисоките делови, препорачувајќи внимателно возење.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 39 вонредни контроли, потврдувајќи значително подобрување на условите.
Градоначалникот Меџити присуствуваше на интензивната ноќна акција за чистење на улици, паркови и тротоари во пресрет на празникот.
Планирани прекини на електрична енергија во Сопиште и на водоснабдување во Центар поради одржувачки зафати во мрежите.
Градоначалникот на Гази Баба нареди уривање на импровизирани куќички во Керамидница изградени на државно земјиште.
Пратениците гласаат за предлогот на Владата судијата Ненад Савески да биде нов шеф на Јавното обвинителство, потребни се 61 глас.
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Независниот синдикат тврди дека 90% од војниците живеат во необновени објекти стари 35 години, додека министерот промовира реновирани касарни.