Skip to content

Лизгалиштето во „Борис Трајковски“ повторно блеска: Отворена новата сезона со комплетно реновиран изглед

1 мин. читање
Сподели

По целосното реновирање, лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска официјално ја отвори новата лизгачка сезона. Директорот на центарот, Данијел Апостолоски, соопшти дека посетителите ќе можат да уживаат во значително подобрени услови и современ амбиент кој го подигнува целокупното искуство на повисоко ниво.

Според Апостолоски, лизгалиштето доби комплетно ново освeтлување, ребрендирани простории и мраз подготвен по највисоки стандарди што ги следат европските спортски центри. Посетителите кои со години го практикуваат лизгањето ќе забележат многу новини кои овозможуваат поудобна, побезбедна и поатрактивна забава на мраз.

„Љубителите на лизгањето ќе имаат можност да уживаат во одличните услови на лизгалиштето, кое оваа година се претставува во нов, современ сјај“, порача Апостолоски на социјалните мрежи.

Отворањето на сезоната, особено во пресрет на новогодишните празници, се очекува да привлече голем број посетители, семејства, млади и рекреативци, кои традиционално го исполнуваат овој простор секоја зима.