Skip to content

Lord of the Rings & The Hobbit – In Concert на 10 мај во Филхармонија со гостин од оригиналните филмови

1 мин. читање
Сподели

Оркестарскиот спектакл „The Lord of the Rings & The Hobbit – In Concert” доаѓа во Македонската филхармонија на 10 мај со почеток во 17:00 часот.

Концертот нуди патување низ музиката на Средната Земја – од драматичните композиции на Мордор и Рингвраитите до лирските елфски теми. Специјален гостин од оригиналните филмови ја води публиката низ програмата, а вклучен е и архивски аудио запис на Сер Кристофер Ли во улогата на Саруман.

Ова е единствената филмско-музичка концертна серија на светот која вклучува гости и од „Господарот на прстените” и од „Хобитот”.

Билетите се од 3.800 до 4.950 денари на karti.com.mk.