Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Во Лондон денеска беше потпишан Договорот за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонија и Велика Британија, со кој се создаваат услови за отворање нови директни авиолинии и унапредување на воздушниот транспорт меѓу двете земји.
Договорот го потпишаа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација Киер Метер, а документот претставува нова правна рамка за уредување на билатералните односи во областа на редовниот авионски сообраќај.
Според Министерството за транспорт, новиот договор ќе овозможи поголема слобода и флексибилност за авиокомпаниите, поефикасно работење, како и повеќе услуги, подобри конекции и нови дестинации со поконкурентни цени за патниците.
Николоски изјави дека Македонија во последната година бележи огромен раст во авиосообраќајот, што ја позиционира како сериозна конкурентна земја во регионот. Според него, ваквиот развој е резултат на владините политики за поддршка на цивилниот воздушен сообраќај, а домашните аеродроми имаат потенцијал да примат нови авиокомпании и зголемен број патници.
Од Министерството дополнително информираат дека договорот ги регулира и условите за интермодален превоз, важен за карго-транспортот, како и дека воспоставува високи стандарди за безбедност и заштита на патниците и авиокомпаниите, целосно усогласени со стандартите на ИКАО.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...