Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Македонија загуби спор пред Европскиот суд за човекови права, откако приватни компании поднесоа претставки дека, и покрај добиени пресуди во домашните судови, со години не можат да ги наплатат побарувањата од државните и општинските јавни претпријатија. Европскиот суд пресуди дека државата го прекршила членот 6 од Европската конвенција за човекови права и дека е должна во рок од три месеци да обезбеди средства и да ги раздолжи сите јавни претпријатија.
Во одлуката се наведува дека сложеноста на буџетскиот систем не може да биде изговор за неисполнување судски пресуди, ниту државните органи смеат да се повикуваат на недостиг на средства за да избегнат плаќање долгови.
Адвокатот Виктор Божиновски објаснува дека државата со т.н. „рамки“ од Законот за извршување спречила ефективно извршување на пресудите, што претставува прекршување на основните човекови права. Тој додава дека јавните претпријатија – и државни и општински – веќе немаат право да се „кријат“ зад клаузулата за „нужни средства за работење“, туку ќе мораат да ги подмират сите долгови преку Владата или општините.
Податоците покажуваат сериозен системски проблем. Според анализата на Порталб, неплатените обврски на државните претпријатија до приватните фирми на крајот на март надминале 358 милиони евра – зголемување од 15,2 милиони за само три месеци. Вкупниот „внатрешен“ долг на сите државни и локални институции достигнал над 651 милион евра.
Најголеми должници се:
Номагас АД Скопје,
АД МЖ Транспорт,
ЕСМ – електрани со долг од 59,1 милион евра,
ЈП МЖ инфраструктура со речиси 59 милиони евра,
ЕСМ – дистрибуција.
Пресудата од Стразбур со силна порака го потсетува државниот сектор дека непочитувањето правосилни пресуди претставува не само правен, туку и сериозен финансиски товар што веќе не може да се игнорира.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...