Најмалку 2.000 убиени во Иран: земјата тоне во крвава пресметка со сопствениот народ
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Според најновите податоци од регистарот на лиценци на Лекарската комора, Македонија годинава изгубила 509 лекари во споредба со минатата година. Оваа загрижувачка бројка беше објавена во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“, во кое министерот за здравство Азир Алиу ја претстави состојбата и реформските чекори што се преземаат за стабилизирање на системот.
Министерот Алиу посочи дека е изработена Национална стратегија за медицинските кадри, која треба да помогне во подобро планирање на човечките ресурси во здравството. Тој нагласи дека е неопходно рамномерно распределување на услугите низ државата, бидејќи моментално дури 70 проценти од пациентите здравствена услуга добиваат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
„За жал, нормално стана секој пациент на крај да заврши во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’. Нашата цел е преку дисперзија на услугите да го намалиме бројот на пациенти таму, како и времето на чекање. Пациентите треба да добиваат соодветна грижа на примарно и секундарно ниво,“ изјави Алиу.
Министерот најави и значителни инвестиции во здравствената инфраструктура. Според него, 205 милиони евра од Програмата на Обединетото Кралство ќе бидат искористени за изградба и реконструкција на здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево. Особено внимание ќе се посвети на Кичево, каде што ќе се гради целосно нова болница, бидејќи постојната – која се гради повеќе од 30 години – не ги исполнува стандардите за современа здравствена установа.
Во однос на неговата функција, Алиу изјави дека ќе продолжи со работа додека премиерот не донесе друга одлука:
„По анализата на процесите, премиерот ќе треба да одлучи дали ќе има реконструкција. Јас како министер си ја терам со работата,“ рече тој.
Овој тренд на одлив на лекари, според експертите, е сериозен сигнал дека здравствениот систем се соочува со структурни проблеми кои бараат итни решенија. Владата најавува дека преку инвестиции, подобри услови за работа и рамномерна распределба на кадарот, ќе се обиде да го стабилизира системот и да спречи натамошно иселување на медицинските професионалци.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...