Skip to content

Македонија потпиша меморандум со САД за природен гас – Божиновска на средба со Шеврон и во Белата куќа

1 мин. читање
Сподели

Македонија направи стратешки чекор кон енергетска стабилност со потпишување на Меморандум за разбирање со Соединетите Американски Држави за унапредување на безбедноста во снабдувањето со природен гас.

Министерката за економија Сања Божиновска го потпиша документот во рамките на стратешкиот дијалог во Вашингтон, при што изјави: „Енергијата станува клуч на стратешкото партнерство”.

Покрај меморандумот, Божиновска оствари средба и со претставници на американскиот енергетски гигант „Шеврон” (Chevron), разгледувајќи можности за диверзификација на изворите на природен гас и зајакнување на енергетската стабилност.

Божиновска беше примена и во Белата куќа, каде разговараше со советник на претседателот Трамп за стратешка енергетска соработка. Овие средби отвораат нови можности за влез на големи американски компании на македонскиот енергетски пазар.

Договорот е особено значаен во контекст на глобалната енергетска криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток и блокадата на Ормускиот теснец.