Skip to content

Македонскиот филм Диџеј Ахмет ја воодушеви европската публика на премиерата во Брисел

1 мин. читање
Сподели

Македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет” имаше европска премиера во кино „Галерија” во Брисел на 3 март 2026 година. Проекцијата привлече претставници на европски институции, дипломати, филмски работници и почитувачи на седмата уметност, кои беа видно воодушевени од домашното остварување.

Режисерот Георги Унковски, чиј дебитантски долгометражен филм „Диџеј Ахмет” предизвика интерес на европска почва, беше присутен на премиерата. На публиката во Брисел им беше прикажан филм со длабоко локален наратив кој, според реакциите, успешно ги надминува регионалните граници и наоѓа универзален одек.

Присутниот министер за култура и туризам Зоран Љутков ги поздрави присутните и го нагласи значењето на настанот: „Вечерва, овде во срцето на Европа, во Брисел, ја слославуваме премиерата на македонскиот филм ‘Диџеј Ахмет’.” Министерот истакна дека филмот ги потврдува квалитетот на македонската кинематографија, творечката зрелост на локалните творци и меѓународниот потенцијал на македонската филмска продукција.

По проекцијата се одржа панел дискусија за значењето на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор и можностите кои тие ги нудат за помалите национални кинематографии. Настанот ја потврди посветеноста на Македонија за градење на европско културно присуство.