Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Координаторот на пратеничката група на СДСМ и пратеник Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати директно прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со високата цена на зелениот картон за автомобилите, кој е неопходен за патување надвор од државата.
Спасовски истакна дека ова прашање е од директен интерес за граѓаните и дека го има поставено и писмено уште на 12 февруари годинава, но до денес не добил одговор. Тој потсети дека сопствениците на моторни возила, согласно закон, се должни да имаат осигурување за заштита на трети лица и нивниот имот, како за внатрешен сообраќај, така и при патување во странство преку т.н. зелена карта.
Според него, зелената карта не е само меѓународен документ, туку претставува проширување на постојната осигурителна полиса со важност надвор од државата. Во Македонија, цената за патнички возила изнесува околу 5.500 денари за една година, што е значително повисоко од земјите во регионот.
„Во Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, граѓаните плаќаат 5 или 10 евра за зелена карта, и тоа заедно со регистрацијата и внатрешното осигурување. Кај нас, граѓаните плаќаат многу повеќе“, нагласи Спасовски.
Тој посочи дека дел од земјите имаат билатерални договори што овозможуваат патување без зелен картон, додавајќи дека Македонија има таков договор со Словенија, каде што не е потребна зелена карта за влез со возило.
На крајот, Спасовски праша дали Владата и Министерството за финансии планираат промена на пристапот и намалување на цената на зелениот картон, со цел да им се олесни движењето на граѓаните надвор од државата и да се изедначи практиката со онаа во регионот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...