Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Шифрата MPT доминира на страницата на Македонската берза во делот за блок-трансакции, каде во последните месец и половина се забележани дури 27 крупни зделки со акциите на Макпетрол. Од 2 октомври до 14 ноември сопственик смениле 2.109 акции, за кои купувачите платиле речиси 262,8 милиони денари, односно околу 4,3 милиони евра.
Последните две трансакции, регистрирани во петокот, ја задржаа доминантната цена од 116.000 денари по акција. Во првата беа купени 148 акции (вредни 17.168.000 денари или 279 илјади евра), а во втората 53 акции (6.148.000 денари или околу 100 илјади евра).
Оваа цена се јавува во 23 од сите 27 трансакции, додека останатите четири се реализирани по 117.000 денари за акција.
Најголемиот блок датира од 9 октомври: 300 акции продадени по цена од 117.000 денари, со вкупна вредност од околу 570.700 евра. Најмалите блокови се од 15 и 29 октомври – по 20 акции во секоја зделка, вредни по 37.700 евра, исто така по цена од 116.000 денари.
Иако многумина на берзата шпекулираат дека одкупот го врши Оилко КДА, тоа не може со сигурност да се утврди. Макпетрол неколкупати објави дека Оилко го зголемува својот удел, а во последното известување (10 ноември) е наведено дека по стекнувањето на 383 акции, акционерот достигнал 26,94% сопственички удел – вкупно 30.273 акции.
Макпетрол повеќе години е меѓу најатрактивните акции на берзата. Дел од инвеститорите сметаат дека и сегашните берзански цени се пониски од реалната вредност, имајќи го предвид големината и профилот на компанијата, како и силните финансиски резултати. Последниот податок зборува сам за себе: добивка од 14,9 милиони евра за првите девет месеци од годинава.
Најновите 5 вести од оваа категорија
Цената на златото се искачи на историски максимум од 142 долари за грам, што е јасен аларм дека глобалниот финансиски...
Американските берзански индекси забележаа значителен пад во четврток, откако акциите на водечките компании поврзани со вештачка интелигенција (AI) беа под...
Во последната деценија, златото го потврди својот статус на најсигурна светска инвестиција. Од 2015 година до денес, цената на златото...
Постои многу поголем ризик од сериозен пад на американските акции отколку што пазарот моментално покажува, изјави шефот на JP Morgan...
Според актуелните податоци: На GoldAvenue цената на грам злато изнесува ~ $120,95 USD На APMEX, цената на грам е $121,17...