Skip to content

Макрон лично му напишал на Трамп: Укини ги санкциите против Бретон и францускиот судија

0 мин. читање
Сподели

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати лично писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, барајќи укинување на санкциите воведени против двајца француски државјани — поранешниот еврокомесар Тиери Бретон и судијата на Меѓународниот кривичен суд Никола Жиу.

Во писмото, Макрон директно го повикал Трамп „да ги преразгледа одлуките на администрацијата и да ги укине неправедно воведените санкции”. Францускиот претседател нагласил дека ваквите мерки ги поткопуваат европската регулаторна автономија и почиваат на погрешна анализа.

Бретон, кој служеше како еврокомесар за внатрешен пазар од 2019 до 2024 година, беше санкциониран поради неговата клучна улога во создавањето на Европскиот закон за дигитални услуги (ДСА), кој воведе обврски за дигиталните платформи. Американската страна тоа го протолкувала како „цензура” на штета на американските интереси.

Судијата Жиу беше санкциониран во август 2025 година заедно со друг судии на Меѓународниот кривичен суд, по издавање на налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана. Санкциите практично го оневозможија неговиот пристап до американскиот финансиски систем.

Елисејскиот дворец го потврди испраќањето на писмото, но Белата куќа сè уште нема дадено официјален одговор. Ова дипломатско барање е дел од пошироката напнатост меѓу Париз и Вашингтон во врска со американската санкциска политика насочена кон европски институции и функционери.