Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Во една од најважните индустриски гранки во земјата – тешката индустрија – веќе неколку недели се случуваат сериозни потреси. Повеќе фабрики, рудници и индустриски капацитети се соочуваат со намалена продукција, големи загуби и неможност да ги покријат зголемените трошоци. Како резултат на тоа, започнати се процеси за масовно намалување на бројот на вработени.
Најкритична е состојбата во рудникот „САСА“, каде според добро упатени извори само вчера биле понудени 33 спогодбени пакети за заминување од компанијата. Планирано е бројот на вработени да се намали за најмалку 100 лица до крајот на месецот, а неофицијално се говори дека бројката може да се дуплира.
Синдикатот СИЕР веќе е информиран за првите спогодби, а претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство, Игор Ѓерасов, предупредува дека доколку започне масовно отпуштање, ќе следи остар одговор. Според него, најзасегнати ќе бидат административните и техничките служби, додека јамските работници засега не се цел на отпуштања.
Од рудникот најавуваат официјален став во текот на утрешниот ден. Истовремено, неофицијални информации упатуваат дека намалувањето на бројот на вработени е дел од подготовките за продажба на рудникот.
Во позадина на овие случувања, само пред неколку недели рудникот доби нов директор – Џејми Караматиќ, додека компанијата „Централ Азија Металс“ (CAML) уверува дека останува посветена на инвестициите и одржливиот развој. На средба со министерката Сања Божиновска, компанијата изразила подготвеност за усогласување со построгите еколошки и безбедносни стандарди предвидени со новиот Закон за рударство.

Сепак, економските предизвици се значително подлабоки. Професорот Дејан Трајковски објаснува дека падот на светските цени на металите, намалената побарувачка во германската автомобилска индустрија, високите енергетски трошоци, политичката нестабилност, но и строгите еколошки барања се главните причини за кризата.
Дополнително, веќе има најави за отпуштања од 30 до 40 лица и во други индустриски капацитети низ државата. Ситуацијата дополнително се усложнува со заминувањето на странските инвеститори во автомобилската индустрија, како „Аптив“ и „Дура“, каде работат над 1.000 луѓе.
Иако премиерот Христијан Мицкоски изјави дека „не е крај на светот“ што дел од инвеститорите ја напуштаат државата, трендовите во индустријата покажуваат сериозна загриженост. Доколку масовните отпуштања продолжат, Македонија би можела да се соочи со уште поголеми економски последици во наредните месеци.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...