Ирански амбасадор предупредува: Воени бази во Европа можат да станат легитимна цел
13.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
На 28 ноември во КИЦ „Романса“ во Македонска Каменица се одржа третото издание на меѓународниот фестивал посветен на првиот македонски печатар — Јаков од Камена Река, човекот кој уште во 1566 година во Венеција ја отпечати книгата „Часослов“ и го остави својот траг во европската книжевна историја.
Овој фестивал не беше само културен настан, тој е потсетник за корените, за писмото, за јазикот, за духовноста и за творечката мисла која со векови ја градела македонската книжевност.
Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ во соработка со библиотеките од Македонија секоја година избира најчитан македонски автор и библиотека која дала најголема поддршка за печатење на книги од домашни автори. Годинава најчитан автор е Далибор Трајков, а библиотека со најголем број објавени книги од македонски автори е „Григор Прличев“ од Охрид.

Фестивалот во текот на целата година организира работилници за убаво пишување. Се обрнува посебно внимание за негување на македонското кирилично писмо како и македонскиот јазик. Како и, едукација за глаголицата, промоции на книги и литературни портрети, активности за ученици, деца и љубители на убавото пишување.
Годинешни добитници на признанија од фестивалот „Јаков од Камена Река“ се Драган Даутовски за афирмација на македонската музика во светот, Марин Александров за постигања во науката за минерологија и рударство, Лазе Трипков за графички дизајн и промоција на македонската уметност, Тони Цифровски за афирмација на македонската публицистика и култура, Георги Унковски за промоција на македонскиот филм и култура, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за исклучителни достигнувања во областа на театарската уметност, Македонската заедница во Хрватска за афирмација на македонските култура, образование и јазик, Гоце Панговски за промоција на македонската историја и култура во дијаспората, Гоце Наумов за промоција на македонската археологија и историја, Мирко Узелац за иновации, Кристина Паскоска за промоција на Македонијапреку антропологијата и етнологијата, Далибор Трајков за најчитан македонски писател во библиотеките во Македонија з 2025, библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид за најмногу објавени книги на македонски автори во 2025, Македон Димитровски за исклучителни достигнувања во областа на математиката, Македонското културно друштво „Охридски Бисер“ од Загреб и Ивана Брезовец за афирмација на македонските култура, јазик и обравозание во Хрватска.

Беше одржан концерт на Драган и Ратко Даутовски, а особено значајна беше и патувачката изложба со 39 страници од „Часословот“ – која веќе беше претставена во повеќе градови низ Македонија, а наскоро ќе биде претставена и пред македонската дијаспора ширум светот.
„Јаков од Камена Река“ беше фестивал отворен за сите што со својата работа ја промовираат Македонија дома или во светот.
Се изрази благодарност до Советот на Општина Македонска Каменица за поддршката и честитки до годинашните добитници кои ја носат Македонија со гордост и достоинство.
Најновите 10 вести од оваа категорија
На 58-годишна возраст, во Еквадор почина Кирил Поп Христов - Кили, долгогодишен член на МНТ и незаборавна личност на македонската...
Дебитантскиот филм на режисерот Георги Унковски имаше европска премиера во кино Галерија во Брисел, пред публика од дипломати, претставници на...
Во Јуроп хаус во Скопје вечерва се промовира новиот роман Тринаесеттиот на Лидија Димковска – нејзиниот прв наслов наменет за...
Народниот театар Битола ја премиерира претставата „Пинокио" по Карло Колоди, во режија на Дејан Дамјановски – прв пат по 30...
На 79-тата БАФТА церемонија во Лондон, апсолутен победник беше „Една битка по друга", додека Роберт Арамајо историски освои и главна...
На 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, претседателката Сиљановска-Давкова и македонски институции ги упатија своите пораки за значењето на...
Битолскиот народен театар ја одржа првата премиера за 2026 со драматизацијата на романот Пламенка од Петре Димовски, во режија на...
Балканскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Скопје на 20 март во Јане Сандански, по три распродадени концерти во...
Македонската театарска, филмска и телевизиска сцена се прости од актерката Ленче Делова која почина на 77 години.
На 95-годишна возраст почина Роберт Дувал, еден од највлијателните американски актери. Светот на киното го загуби гласот на Том Хејген...