Skip to content

Мицкоски: Акцизата за дизелот паѓа за 4, а за бензините за 2 денари — утре Владина седница

1 мин. читање
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се исполнети условите за намалување на акцизите на горивата — дизелот за 4 денари, а бензините за 2 денари по литар. Владина седница е закажана за утре во 11 часот за усвојување на мерките.

Мицкоски објасни дека нафтените пазари се затворени за велигденските празници, а пресметките покажале дека без интервенција дизелот требало да поскапи за около 7 денари, а бензините за 1,5 до 2 денара. Со намалувањето на акцизата, очекуваното поскапување на дизелот ќе биде само околу 3 денари.

Паралелно, Владата ги продолжува разговорите со снабдувачот Окта за задржување на попустот од 3 денари на дизел. Доколку Окта го задржи и попустот од 2 денара на бензин, цените на бензините би паднале за 2,5 денари. Намаленото ДДВ на горива од 10 отсто (наместо стандардна стапка) продолжува да важи уште две недели.

Мицкоски признa дека мерката ќе ги чини државниот буџет десетици милиони евра, но нагласи дека има доволно средства. Следниот чекор ќе зависи од движењата на светските пазари на нафта, кои остануваат под силен притисок поради конфликтот на Блискиот Исток и блокадата на Ормускиот Теснец.