Skip to content

Мицкоски во Будимпешта – средба со Орбан за европскиот пат на Македонија

1 мин. читање
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, каде клучна точка е средбата еден на еден со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На дневен ред се актуелните регионални и европски прашања, како и унапредување на билатералните односи меѓу двете земји. Мицкоски е придружуван од шестчлена владина делегација на високо ниво.

„Разговорот ќе ги адресира актуелните регионални предизвици и конкретната поддршка што Унгарија ја дава за европскиот пат на Македонија. Целта е продлабочување на партнерството од стратешко значење за државата”, соопштија од владината делегација.

Посетата доаѓа во момент кога Македонија и Унгарија ја интензивираат соработката на повеќе нивоа, а Орбан се смета за еден од најгласните поддржувачи на Македонија во процесот на европска интеграција.