Бурата „Леонардо“ ја потопи Шпанија: Итни евакуации на илјадници луѓе, армијата е на терен, патиштата се претворени во реки
04.02.2026
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја обвини владата за узурпирање на државата и бескрупулозно предизвикување поделби.
„Заклучокот на Владата на Република Хрватска, врз основа на кој ја узурпираше организацијата на дочекот на хрватската ракометна репрезентација на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, е неуставен, незаконски и пиратски акт, чие донесување нема апсолутно никаква правна основа“, напиша претседателот на Фејсбук.
Тој изјави дека „од тоа неуставно и незаконско дејство на Владата произлезе незаконска употреба на полициска сила против комуналните служби на Град Загреб, на кои им беше спречено да ги остварат своите овластувања јасно пропишани со закон“.
Милановиќ притоа се осврна на фактот дека полицијата во центарот на Загреб денеска ги спречила комуналните редари да ја извршуваат својата работа, односно да го оградат просторот со лента, бидејќи владата не побарала ниту добила дозвола од Градот Загреб за собирот на плоштадот „ Бан Јелачиќ“.
„Владата на Хрватска изврши намерна деструкција на уставниот поредок, а претходно измисли законска основа за своите постапки и постапките на полицијата. Ваквите постапки на владата всушност ја узурпираат државата и бескрупулозно предизвикуваат поделба меѓу хрватскиот народ. Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, е одговорен за ова“, напиша Милановиќ.
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно денеска ја обвини Владата на Хрватска за институционално насилство и обид за соборување на демократски избраната влада во Загреб.
Тој оцени дека владата го крши Уставот и законите со организирањето на приемот на бронзените ракометари на главниот плоштад „Бан Јелачиќ“ во Загреб, каде што, и покрај забраната, ќе настапи контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон.
Иако мораше, владата не побара дозвола од Градот за собирот, а целиот настан доведе до големи поделби во општеството.
Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) синоќа го откажа приемот организиран од Градот Загреб, бидејќи градските власти не го исполнија барањето на ракометарите пејачот Томпсон да настапи на него, затоа што од претходно му е забрането да настапува во Загреб поради усташкиот поздрав „За дом спремни“.
Владата објави дека ќе организира прием во 18 часот на главниот плоштад во Загреб, бидејќи станува збор за настан „од национален интерес“. На плоштадот се очекува доаѓањето на Томсон и членовите на владата.
Некои правни експерти предупредија дека владата со таквото однесување го крши Уставот и поделбата на власта.
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така го обвини ХРС дека политички се усогласува со ХДЗ.
На власт во Загреб е зелено-левичарската коалиција „Можеме“ и Социјалдемократската партија, од која доаѓа претседателот Зоран Милановиќ, додека на власт на национално ниво се Хрватската демократска заедница на премиерот Андреј Пленковиќ и десничарското Татковинско движење.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Претседателот на СНСД, Милорад Додик, по пристигнувањето во САД, за прв пат откако му беа укинати санкциите, членовите на неговото...
Србија зема заем од Франција за развој на компјутер со високи перформанси – суперкомпјутер и вештачка интелигенција. Како што е...
Црна Гора се соочува со сериозен ризик од недостиг на гориво поради регионалните протести и блокадата на јадранското пристаниште Бар,...
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица...
Албанскиот премиер Еди Рама ја нагости Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, во албанскиот крајбрежен град Валона, откако албанската влада...
Две банкарки од Осиек се уапсени под сомнение дека речиси две децении систематски проневерувале близу 2,4 милиони евра од банката...
Нафтена индустрија на Србија (НИС) денеска ги информираше потрошувачите дека од утре повеќе нема да бидат снабдувани со гориво, бидејќи...
Драгица Радосављевиќ Цакана неодамна беше ограбена, а таа јавно проговори за деталите од инцидентот. Како што таа истакна тогаш, разбојниците...
Со прогласувањето на вонредна состојба во Лучани и Ивањица, во Србија е прогласена вонредна состојба поради лоши временски услови во...
Синоќа силен и неконтролиран пожар ја зафати фабриката „Комодита“ (Comodita) во косовскиот град Ѓаковица, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите и итна...