Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Министерството за здравство утврди сериозни злоупотреби со кардиохируршки операции во јавни и приватни здравствени установи. Од анализираните 19 случаи, кај 10 е утврдено дека биле извршени непотребни операции или пациентите биле неоправдано упатени на хируршки зафати, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.
„Од пристигнатите 25 случаи до Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции, анализирани се 19, а кај половината од нив има наод за неправилности“, изјави Алиу на прес-конференција.
Шест од разгледаните предмети се проследени до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи не влегуваат во надлежност на комисијата.
Претседавачот на комисијата, д-р Жарко Христовски, објасни дека во првата фаза се анализирала единствено потребата од реваскуларизација кај пациенти со васкуларни заболувања.
„Одлуките ги носевме врз основа на достапната медицинска документација и пријавите што стигнаа од пациенти или здравствени установи до ФЗО и Министерството“, рече Христовски.
Министерството најави и ангажирање меѓународна стручна комисија, која заедно со домашните експерти ќе ги разгледа резултатите, ќе ги потврди сомнежите и ќе предложи мерки за подобрување на кардиоваскуларниот третман.
„Со интегрирање на јавниот и приватниот сектор и со размена на информации очекуваме да донесеме финални заклучоци и стратешки потези“, додаде Христовски.
Проверки беа иницирани по изјавата на кардиологот Сашко Кедев, кој во гостување на Канал 77 тврдеше дека во приватни болници се изведуваат непотребни интервенции со цел профит.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...