Ирански амбасадор предупредува: Воени бази во Европа можат да станат легитимна цел
13.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Еурофарм Пелистер го доживеа и четвртиот пораз во низа во Лигата на шампионите, но вечерва, пред преполните трибини во Битола, “зелено-белите” покажаа заби и пружија херојски отпор против најголемиот светски ракометен гигант, Барселона. Иако на крајот гостите славеа со 30:34, впечатокот е дека Пелистер одигра еден од своите најдобри натпревари оваа сезона.
Дваесет минути сон, па пад по кој немаше враќање
Предводени од неверојатната поддршка на околу 3.000 гледачи, пелистерци го започнаа натпреварот без никаков респект. Во првите дваесетина минути, тие беа целосно рамноправен противник на моќната Барса. Играта беше гол за гол, одбраната функционираше одлично, а Никола Митревски уште на стартот најави дека ова ќе биде негова вечер.
Во 16-тата минута, Пелистер дури имаше и водство од 9:8. Но, тогаш следуваше “црната дупка”. Со серија од 7:1, искусните гости, предводени од Дика Мем и Домен Макуц, ја презедоа контролата, се одлепија на 10:15 и на полувреме заминаа со сигурна предност од 13:17.
Митревски спречи катастрофа, Хенигман и Манасков незапирливи
Во второто полувреме, Барселона рутински ја одржуваше предноста, која во еден момент достигна и +7. Но, за разлика од претходните натпревари, Пелистер не се предаде. Никола Митревски блескаше на голот и со вкупно 13 одбрани, од кои неколку беа зицери “еден на еден”, спречи уште поубедлив пораз.
Во нападот, брилијантна партија одиграа Ник Хенигман и Дејан Манасков. Словенецот беше незапирлив и постигна 8 гола, додека Манасков имаше перфектен учинок, 8 гола од 8 обиди (3 од пенал).

На крајот, поразот е тука, но останува впечатокот дека Пелистер, со ваква игра и со ваква поддршка, има на што да се надева во продолжението од сезоната. Следниот предизвик е гостувањето кај Магдебург на 23 октомври.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Иранскиот амбасадор при ОН во Женева предупреди дека секоја воена база употребена за напади против Иран, вклучувајќи и оние на...
Сирени за тревога огласија во НАТО-базата Инџирлик во Турција, а ПВО-системите пресретнале две балистички ракети. Американскиот стејт департмент го затвори...
Еден француски војник загина, а уште шестмина беа ранети во напад со дрон врз воена база во Ирак. Претседателот Макрон...
Земјотрес со јачина 5,5 степени по Рихтер ја погоди Турција наутро, со епицентар 46 километри северно од градот Токат. Нема...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуката за распишување вонредни парламентарни избори нема да зависи од исходот на локалните гласања...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди набавката на кинески хиперсонични балистички ракети, предупредувајќи дека соседните земји само чекаат поголем конфликт...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски изјави дека СДСМ е во сериозна политичка криза, а дека голем дел од активноста на...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...