Skip to content

Млада девојка падна од балкон во Тетово: Итно пренесена во Скопје

1 мин. читање
Сподели

Млада девојка од Тетово претрпе тешки повреди откако падна од балкон на станбена зграда во градот. Инцидентот се случи вчера околу 18:40 часот.

Според информации од Секторот за внатрешни работи во Тетово, екипите на итна медицинска помош први пристигнале на местото на настанот. Поради тежината на повредите, 20-годишната девојка итно е пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје.

Полицијата спроведе увид на местото на инцидентот, а истрагата се води по наредба на јавен обвинител. Засега не се објавуваат дополнителни детали за околностите на падот.

Надлежните институции работат на целосно расветлување на случајот.