Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Tри дена по првиот круг од локалните избори, лидерот на ДУИ и предводник на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Али Ахмети, сѐ уште не се појавил во јавноста. Молкот од Мала Речица, според извори од партијата, е знак дека таму се одвива интензивна анализа и ревизија на изборните резултати, кои во неколку општини не ги исполнија очекувањата.
Познавачи на состојбите велат дека владее разочараност, особено поради губењето на Чаир и Сарај и водството на опозицискиот блок ВЛЕН во други општини. Иако поддржувачи на ДУИ нагласуваат дека партијата сепак го зголемила бројот на гласови за околу 11.000 споредено со 2021 година, поразите во симболични општини предизвикале силен внатрешен потрес.
Според поранешниот амбасадор Мухамед Халили, Ахмети направил сериозни грешки:
„Водеше погрешна политика и погрешна кампања – наместо локални теми, настапуваше патриотски и со фокус на напад врз Мицкоски. Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, митинзите ги претвори во саморекламирање.“
Халили додава дека кандидирањето на Бујар Османи за Чаир било политичка пресметка – обид да го тргне од трка како можен наследник на Ахмети на чело на ДУИ.
Покрај тоа, дел од аналитичарите сметаат дека вклучувањето на Арбен Таравари и Алијансата за Албанците во коалицијата со ДУИ било стратегиска грешка, која не донела очекуван резултат. И покрај уверувањата дека овој потег ќе ја засили позицијата на Ахмети, изборите покажаа дека Таравари не успеал да го мобилизира гласачкото тело, дури ни во „неговиот“ Гостивар, каде што гласањето ќе се повтори поради недостиг на цензус.
Од ВЛЕН му порачаа:
„Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула.“
Во меѓувреме, се појавуваат шпекулации дека НАИ тајно преговара со македонски опозициски партии за поддршка во одредени општини во вториот круг, со што Ахмети би се обидел да ја стабилизира позицијата и да ја амортизира внатрепартиската криза. Засега, партиите кои се споменуваат во овој контекст не ги потврдуваат ваквите информации.
Политичките аналитичари очекуваат дека втор круг ќе биде клучен за иднината на Али Ахмети и за структурата на албанската политичка сцена, која веќе влегува во нова, турбулентна фаза.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...