Skip to content

Морето исфрли 43 килограми хашиш на плажа на Родос – вреди 320.000 евра

1 мин. читање
Сподели

Грчките власти заплениja речиси 43 килограми хашиш на плажа на островот Родос, со проценета улична вредност од 320.000 евра.

Акцијата била спроведена по прецизна дојава, при што на брегот бил пронајден пакет со обработена канабис-смола. Грчката крајбрежна служба ги координираше операциите за запленување на дрогата.

Властите истражуваат како дрогата завршила на плажата, при што една од теориите е дека пакетот бил фрлен од брод во обид да се избегне контрола, а потоа морските струи го изнеле на брег.

Ова не е прв случај на пронајдена дрога на грчките брегови – слични инциденти се забележуваат периодично, особено на островите во Егејско Море кои лежат на рутите за шверц од Блискиот Исток и Северна Африка.