Skip to content

Муцунски и Тошковски го прославија Велигден со македонската дијаспора во САД

0 мин. читање
Сподели

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го одбележаа Велигден со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.

Двајцата министри ги посетија црквите „Св. Никола” во Тотова, Њу Џерси и „Св. Кирил и Методиј” во Сидер Гроув, Њу Џерси, каде заедно со македонските иселеници го прославија најголемиот христијански празник.

„Присуството меѓу нашите иселеници на овој голем празник е силна порака за поврзаноста со дијаспората и поддршка за нејзините напори за зачување на верата, традицијата и македонскиот идентитет”, напиша Муцунски на социјалните мрежи.

Посетата на дијаспората во САД се смета за значаен дипломатски гест за зајакнување на врските со македонските заедници во странство.