Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Македонската дипломатија останува воздржана околу прашањето за признавање на Палестина, кое повторно стана тема на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласува дека државата мора да биде внимателна и дисциплинирана во надворешната политика, а не импулсивна и емотивна.
„Во момент кога и самите земји членки на ЕУ немаат изградено консензус, не е време ние да истапуваме со каква било одлука во однос на Палестина,“ изјави Муцунски за ТВ Сител од Њујорк.
Тој потсети дека Македонија се консултира со САД како стратешки партнер, како и со партнерите во Европската унија. Според него, внимателното следење на состојбата е неопходно, особено имајќи ја предвид хуманитарната криза во Газа и нарушувањата на меѓународното хуманитарно право.
„Сите гледаме што се случува и тоа е несоодветно за 21 век. Но, тоа не значи дека треба импулсивно и емотивно да реагираме,“ додаде министерот.
Муцунски најави дека консултациите ќе продолжат, а конечна одлука околу признавањето на Палестина ќе се донесе кога ќе дојде соодветно време.
Во меѓувреме, неколку западни земји веќе објавија одлука за признавање на Палестина како држава. Германија засега не е меѓу нив, но притисокот врз германската влада расте. Досега речиси 150 од вкупно 193 земји членки на ОН ја имаат признаено Палестина, додека САД и Израел категорично го отфрлаат овој потег.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Двајца пешаци избодени во австрискиот град, напаѓачот уапсен, мотивот нејасен.
20-годишна девојка претрпе тешки повреди по пад од станбена зграда, полицијата истражува.
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Една недела по именувањето, Моџтаба Хаменеи сеуште не се појави јавно, а аналитичарите велат дека ИРГЦ ја контролира воената машинерија.
Системот за пресретнување Октопус, развиен за Украина, може да се примени и за одбрана од иранските беспилотни летала.
Американскиот претседател тврди дека Иран сака договор, но тој не е подготвен да го прифати додека условите не бидат поповолни.
Белград стана првата европска држава со кинески ракети CM-400AKG, а Хрватска го покрена прашањето во НАТО.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.