Skip to content

Муслиманите го прославија Рамазан Бајрам, реисот повика на мир и солидарност

1 мин. читање
Сподели

Муслиманските верници во Македонија и ширум светот денеска го прославија Рамазан Бајрам, еден од најважните исламски празници кој го означува духовното и физичкото прочистување по месец дена строг пост.

Денот започна со традиционална бајрамска молитва во сите џамии низ земјата, по што верниците ги посетија гробиштата и се собраа со семејствата и пријателите. Важен дел од прославата е давањето садакатул-фитр – добротворни донации за сиромашните.

Реисот ул-улема Шаќир Фетаи упати честитка до верниците, нагласувајќи дека Бајрам претставува „ден на помирување и блискост” кога срцата треба да се отворат, да се прости и да се зајакнат семејните врски.

„Верниците триумфираа над деструктивноста, материјализмот, себичноста и завидливоста”, порача Фетаи, повикувајќи на продолжување на борбата против општествените проблеми вклучувајќи алкохолизам, наркоманија и корупција.

Политичарите од сите партии исто така упатија честитки по повод празникот, пренесувајќи пораки за мир, толеранција и заедничко живеење.