Skip to content

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица

0 мин. читање
Сподели

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на партијата Левица и советник во Советот на Општина Илинден.

“Со длабока тага ја примивме веста дека почина нашиот другар и сопартиец Кирил Слезенковски”, соопштија од Левица, опишувајќи го како “самоиницијативен, одговорен и подготвен да се зафати со решавање на проблеми”.

Од партијата нагласуваат дека Слезенковски ја разбирал политиката како одговорност кон граѓаните, а не како лична придобивка. “Непринудно и без задни намери им помагаше на луѓето”, стои во соопштението.

Неговата прерана смрт претставува голема загуба за локалната политичка сцена во Илинден и за партијата Левица, која загуби еден од своите најактивни млади членови.