Франција нуди план за мир: Либан подготвен за преговори со Израел во Париз
16.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Над десет тони опасен хемиски отпад бил складиран повеќе од десет години во просториите на Институтот за јавно здравје, без соодветни протоколи за ракување и безбедно чување. Отпадот произлегува главно од лабораториски анализи и вклучува хемикалии во различни агрегатни состојби.
Директорката на институтот Марија Андоновска изјави дека установата немала инструкции за управување со ваков вид отпад, но дека веднаш ги алармирала надлежните институции. „Среќа среќа, избегнавме хаварија”, изјавила таа, нагласувајќи дека материјалите биле исклучително запаливи и испарливи.
Опасниот отпад е веќе безбедно отстранет и ќе биде уништен со спалување во странство, бидејќи Македонија не располага со соодветни постројки за третман на ваков вид материи. Отстранувањето беше изведено во соработка со специјализирани компании.
Технологот Трајче Србиновски предупреди дека повеќе јавни установи во земјата се соочуваат со слични ризици и побара итна идентификација на критичните точки на опасност во сите државни институции. Овој случај го отвори прашањето за системски недостаток на протоколи за ракување со опасни материи во јавниот сектор.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од вторник до петок Македонија ќе биде под влијание на ладен циклонски систем со врнежи и засилен ветер.
Амбасадата најави нов лет, додека досега 458 патници беа евакуирани со четири летови од Блискиот Исток.
Скопје се збогува со Драган Пароски, познатиот продавач кој и тоа што го немаше го делеше со уличните кучиња.
Полицијата спроведе интензивна контрола на моторџиите во Скопје со 91 казна и одземени мотоцикли.
ЕВН и Водовод најавија планирани прекини во Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и околината на Железничка.
И покрај ветувањата за реформи по трагедијата во Пулс, условите за безбедност во угостителските објекти сеуште не се заострени.
Кочани ја одбележа годишнината од трагедијата со бдеење во 2:32 часот и меморијална инсталација со 63 бели столчиња.
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.