Skip to content

Над половина од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати – рокот е 17 април

1 мин. читање
Сподели

Повеќе од половина од вкупно доделените ваучери за набавка и инсталација на инвертер клими се веќе подигнати, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Од вкупно 4.070 ваучери, во периодот од 18 до 25 март подигнати се 2.084, што претставува повеќе од половина. Дневната динамика покажува континуиран интерес на граѓаните и зголемена активност во сите општини.

Граѓаните кои се на листата можат да ги подигнат ваучерите од меѓуопштинските центри за социјална работа до 17 април 2026 година. Со ваучерот, граѓаните можат да набават и инсталираат инвертер клима уред со капацитет од 3,5 kW и минимална енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без доплата.

Ваучерите можат да се искористат до 15 октомври 2026 година. Мерката е дел од Програмата за заштита на ранливи енергетски потрошувачи, насочена кон намалување на енергетските трошоци и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.