Skip to content

Нафтата повторно над 100 долари – демантот на Иран ги врати тензиите

0 мин. читање
Сподели

Цената на нафтата повторно скокна над 100 долари за барел откако Иран го демантираше Трамп за наводните преговори со САД. По вчерашниот краток пад предизвикан од најавата на Трамп за одложување на воените удари, пазарите реагираа со нов раст на цените.

Нестабилноста на енергетските пазари продолжува да ги притиска глобалните економии. Кризата околу Хормушкиот Теснец, низ кој минува значителен дел од светскиот транспорт на нафта, остава длабок траг врз цените.

Аналитичарите предупредуваат дека доколку тензиите продолжат, цената би можела да ги надмине и досегашните рекорди. Бизнис секторот веќе се подготвува за најлошото сценарио, а потрошувачите ширум светот директно ги чувствуваат последиците преку поскапување на горивата и основните производи.