Skip to content

Нафтената криза пристигна во регионот: Словенија рационира, Македонија свикува итна седница

0 мин. читање
Сподели

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на бензинските станици поради нафтената криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток. Мерката предвидува максимум 50 литри по лице дневно и 200 литри за правни субјекти.

Владата ја активираше армијата за помош во снабдувањето и превозот на горива. Дистрибутерите се повикани да ги координираат испораките, а трговците со горива мораат да доставуваат дневни извештаи за состојбата на станиците.

Премиерот Роберт Голоб најави посебни мерки за ограничување на продажбата на странци, додека опозицијата го критикува за доцна реакција. Ова поставува прашање и за македонската влада, која закажа итна владина седница на пладне за вонредни мерки околу цените на горивата.