Skip to content

Напад со молотови коктели врз полициска станица во Атина – напаѓачите избегале

1 мин. читање
Сподели

Полициската станица Кипсели во Атина вечерва била мета на напад со молотови коктели, јавува Си-ен-ен Грција. Според информациите, инцидентот се случил кратко пред 20 часот по локално време, кога најмалку шест маскирани лица се приближиле до зградата и фрлиле шишиња полни со запалива течност.

Од нападот е оштетен влезот на станицата и еден автомобил паркиран во непосредна близина, но нема повредени лица. Напаѓачите веднаш по фрлањето на коктелите побегнале и полицијата интензивно трага по нив.

Инцидентот се случува по вчерашниот комеморативен протест по повод убиството на 15-годишниот Алексис Григоропулос, кога дојде до судири помеѓу демонстранти и полицијата, а 15 лица беа уапсени.

Григоропулос беше убиен во 2008 година во атинската населба Екзархеја, случај што предизвика масовни и насилни протести низ цела Грција. Во 2010 година, полицаецот Епаминондас Корконеас беше осуден на доживотна казна затвор за убиството.