Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Од наплатата на патарини, од почетокот на минатата година заклучно со 23 декември, остварен е вкупен промет од 4.158.914.362 денари, односно 67.624.624 евра, информира директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.
Според досегашните податоци, 2025 година ќе биде рекордна по наплата на патарини, имајќи предвид дека остварениот промет до 23 декември веќе е повисок од вкупната наплата во целата 2024 година и е зголемен за над 71 милион денари, иако декември сè уште не е завршен.
– До 23.12.2025 година е остварен промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра), што укажува дека годинава ќе биде најуспешна досега во однос на наплатата на патарини, изјави Трајановски за МИА.
Од ЈПДП посочуваат дека приходите од патарини бележат постојан раст во изминатите години. Анализата на вкупно остварениот промет, кој вклучува наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, наплата на билети за ненаплатена патарина и средства собрани преку платформата „Отворен Балкан“, покажува јасен тренд на зголемување:
2020 година: 34.029.562 евра
2021 година: 46.401.122 евра
2022 година: 53.242.070 евра
2023 година: 62.077.966 евра
2024 година: 66.463.963 евра
Од ЈПДП информираат дека, по јавниот повик за воспоставување поширока мрежа за купување и надополнување на уредот М-ТАГ, склучен е договор со правните лица А1 Македонија и Македонски телеком за продажба, дистрибуција и наплата на патарина преку електронски уреди.
– Во моментот се врши интеграција на апликативните софтвери меѓу ЈПДП и овие компании, со цел услугите со М-ТАГ наскоро да бидат пуштени во употреба, информираат од претпријатието.
Со измените на Законот за јавни патишта, изгласани во јуни, се создаде правна основа за проширување на малопродажната мрежа за надополнување на М-карта и М-ТАГ, кои досега беа достапни исклучиво во просториите на ЈПДП.
Според надлежните, ваквиот модел ќе донесе:
побрз проток на сообраќај на наплатните станици,
поголема ефикасност и безбедност,
намалување на злоупотребите,
зголемено задоволство кај корисниците.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...