Партиите бараат институциите да работат без селективност по случајот Анакиев
21.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Во седиштето на НАТО во Брисел денеска се одржува вонреден состанок на Воениот комитет на Алијансата на ниво на амбасадори на земјите членки, поради нарушувањето на воздушниот простор на Пактот од страна на три руски борбени авиони МиГ-31К.
Инцидентот се случи во петокот, кога авионите без дозвола упаднаа во естонскиот воздушен простор и таму се задржаа речиси 12 минути, информира Министерството за одбрана на Естонија. НАТО веднаш реагираше и ги пресретна руските авиони.
Талин побара итен состанок согласно Член 4 од Договорот на НАТО, кој предвидува консултации меѓу членките секогаш кога е загрозен територијалниот интегритет или безбедноста на која било членка. Како дополнителна мерка, Естонија најави затворање на источната граница кон Русија.
„Ова е уште еден пример за неодговорно руско однесување и доказ за способноста на НАТО да реагира“, изјави портпаролката на Алијансата, Алисон Харт. Инцидентот го осуди и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, нарекувајќи го „исклучително опасна провокација“.
Москва, пак, тврди дека летот бил во согласност со меѓународните правила и дека не биле прекршени ничии граници.
Покрај тоа, Естонија побара итна расправа и во Советот за безбедност на ОН. Настанот следи откако претходно руски дронови го нарушија воздушниот простор на Полска и Романија – исто така членки на НАТО и ЕУ.
Како реакција на сè почестите руски прекршувања и нападите врз Украина, Европската комисија предложи нов, 19-ти пакет санкции насочен кон енергетскиот и банкарскиот сектор, трговијата со криптовалути и компании што го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Социјалистичката партија и СДСМ реагираа по апсењето на директорот на Инспекторатот, повикувајќи на еднаков третман за сите.
Нови податоци од Global Firepower индексот ги рангираат одбранбените капацитети на балканските земји.
Шест пожарникари со алпинистичка опрема ја извлекоа младата жена од непристапен терен под Цареви Кули.
Од 07:30 до 11:30 ќе бидат затворени делови од булеварот Јане Сандански и околните улици поради улична трка.
Пентагон побара 200 милијарди долари за воените операции, а администрацијата испитува методи за обезбедување на иранскиот нуклеарен материјал.
Јанша призна дека се сретнал со израелски агенти, протечени снимки и фабрикувани видеа го потресоа изборниот процес.
Околу 1,7 милиони граѓани ќе гласаат во недела, а скандалот со Блек кјуб ја ослабна опозицијата на Јанша.
Километарски колони на Богородица и Дојран, граѓаните чекаа со часови за преминување кон грчките одморалишта.
Заменик-претседателот оствари средби во Стејт департмент и Светска банка, а Владата доби пофалби за поддршката на американската позиција во ОН.
Владејачката партија обвинува дека екс советник на Заев и човек од српска агенција ги пишуваат соопштенијата на опозицијата од хотел...