Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Турската одбранбена служба соопшти дека на 9 март НАТО системите пресретнале балистичка ракета испукана од Иран преку турскиот воздушен простор. Тоа е вторат ваков инцидент за само неколку дена: на 4 март беше пресретната друга иранска ракета која минала преку воздушните простори на Ирак и Сирија пред да стигне до Турција. Втората ракета падна во поле во близина на Газиантеп, на југот на земјата.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека „Иран не е изворот на ракетите кои влегле во турскиот воздушен простор” и ветил сеопфатна истрага за инцидентите. Ердоган изразил незадоволство и нагласил дека Иран не смее да таргетира трети, братски нации во регионот, бидејќи тоа „нема да биде корисно за никого”.
Турскиот претседател повторно го потенцира желбата на Анкара да остане неутрална во конфликтот. „Нашата главна цел е земјата да ја одржиме настрана од овој оган. Безбедноста и мирот на нашите 86 милиони граѓани е наш апсолутен приоритет”, изјавил Ердоган. Тој додаде дека активно разговара со повеќе светски лидери во обид да ги намали тензиите и истакна дека нема да прифати нарушувања на турскиот суверенитет.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан упати директна предупреда кон Техеран: „Не сме земја која лесно се предизвикува. Им рековме на нашите ирански пријатели дека едно е ако оваа ракета случајно залута, но ако продолжи, нека внимаваат.” Инцидентот со НАТО пресретнувањето покренува прашања и за потенцијална примена на членот 5 за колективна одбрана, иако Алијансата засега не дала официјален коментар во таа насока.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Двајца пешаци избодени во австрискиот град, напаѓачот уапсен, мотивот нејасен.
Една недела по именувањето, Моџтаба Хаменеи сеуште не се појави јавно, а аналитичарите велат дека ИРГЦ ја контролира воената машинерија.
Американскиот претседател тврди дека Иран сака договор, но тој не е подготвен да го прифати додека условите не бидат поповолни.
Ким Џонг Ун лично го надгледуваше тестирањето на повеќецевните ракетни системи кои погодија цели на 364 километри растојание.
Нафтен танкер беше погоден додека чекаше влез во терминалот кај Новоросијск, а сомневањата се насочени кон украинските сили.
Привремената суспензија на санкциите врз руската нафта претставува значителна предност за Москва, додека растат цените поради тензиите на Блискиот Исток.
Американскиот претседател побара од Кина, Јапонија и други нации да испратат воени бродови за обезбедување на клучниот нафтен пат.
Ирански пратеник изјави дека Украина, преку снабдување на Израел со дронови, влегла во конфликтот и нејзината територија сега е легитимна...
Светските аналитичари предупредуваат дека конфликтот ги надминува регионалните граници - иранската мозаична одбрана и контролата на Хормуз го правеа Запад...
Кремљ соопшти дека глобалните пазари имаат итна потреба од руска нафта поради блокадата на Хормуз, а Вашингтон привремено ги отстрани...