Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
За неколку илјади евра, ризикуваме трајно да ја уништиме една од најубавите планини во источна Македонија. Така изгледа реалноста зад проектите за мали хидроцентрали на Плачковица и во атарот на Блатец – проекти кои се претставуваат како „зелена енергија“, а во пракса носат еколошка и егзистенцијална штета.
Под изговор на развој и обновливи извори, планинските реки се ставаат во цевки, а живите корита – срцето на планината – се претвораат во суви канали. Реката Блатешница, од која со децении се напојуваат луѓето, нивите и селските чешми, денес е доведена пред сериозна закана. Цевководи долги километри значат едно: река без вода, село без иднина.
Плачковица не е празен простор за експерименти. Таа е природно богатство, климатски регулатор и туристички потенцијал кој може да носи долгорочна корист – ако се зачува. Наместо одржлив развој, добиваме неповратна штета: уништени корита, пресушени извори и разочарани заедници.
Жителите на Блатец веќе јавно предупредуваат дека ова не е борба против развојот, туку борба за опстанок. Прашањето е едноставно и болно:
Дали навистина вреди за ситни пари да ја уништиме убавината на Плачковица и животот во Блатец?
Ако денес молчиме, утре ќе гледаме суви корита таму каде што течеше живот. Природата нема резервна копија. Она што ќе го уништиме – нема да се врати.
Поддршката за жителите на Блатец одамна ги надмина границите на селото. Денес, цела Македонија стои со Блатчани. Граѓани, еколошки активисти, планинари, риболовци, земјоделци и обични луѓе од сите краеви на Македонија јасно порачуваат дека ова не е локален, туку национален проблем.
Борбата за реката Блатешница и за Плачковица прерасна во симбол на отпорот против уништувањето на природата за ситен профит. Поддршката на социјалните мрежи, јавните апели и солидарноста од целата земја покажуваат дека граѓаните препознаваат неправда – и не молчат.
Пораката е јасна и едногласна:
кога се брани водата, се брани животот. Денес Блатец е прва линија на одбрана, но утре тоа може да биде кое било село, која било река. Затоа Македонија застана зад Блатчани – затоа што ова е борба за заедничко добро, за природата што не припаѓа на поединци, туку на сите.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Јужнокорејските обвинители денес побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук Јеол, обвинувајќи го дека бил „водач на бунт“ поради...
Крзнената играчка Лабубу, која го освои светскиот пазар и стана еден од најбараните производи на кинеската компанија Поп Март, се...
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Претседателот Трамп наговестува дека државниот секретар Марко Рубио, кој е и советник за национална безбедност и вршител на должноста национален...
Германската армија потврди случаи на сексуално вознемирување Германската армија е потресена од широко распространето сексуално вознемирување и крајно десничарски екстремизам...
Марк Рафало имаше остри зборови за Доналд Трамп на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во неделата вечерта....
Тврдењето дека Иран го „исклучи“ Starlink во суштина ја открива клучната слабост на овој систем: Starlink не е суверена телекомуникациска...
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, ја повика Јужна Кореја да го истражи неодамнешниот инцидент со јужнокорејско беспилотно...