Skip to content

Нетанјаху „персона нон грата“ во Словенија

0 мин. читање
Сподели

Словенија објави дека му забранува влез на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повикувајќи се на налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Од словенечкото Министерство за надворешни работи велат дека државата мора да го почитува меѓународното право и одлуките на судовите. Забраната, како што нагласуваат, не е насочена против израелскиот народ, туку против политиките што се поврзуваат со прекршување на човековите права.

Оваа одлука ја прави Словенија една од првите земји во Европската унија што отворено презема ваков чекор кон израелски лидер.

Потсетуваме, претходно Љубљана имаше забрането влез и на двајца израелски министри, обвинети за поттикнување политики кои биле окарактеризирани како спротивни на меѓународното право.

Одлуката може да предизвика дипломатски тензии, но Словенија испраќа јасна порака: почитувањето на меѓународното право е над политичките интереси.