Skip to content

Невреме од четврток – арктички бран носи дожд, снег и силен ветер

1 мин. читање
Сподели

Од четврток Македонија ќе биде зафатена со силно невреме, предупредуваат метеоролозите. Арктички бран ладен воздух ќе се спушти од север кон југоисточна Европа, создавајќи длабок циклонски систем над Геновскиот Залив.

Се очекуваат обилни врнежи од дожд, повремено поројни, а на планините над 1.000 метри се предвидува снег со акумулации од над 15 сантиметри. Јужните и југоисточните ветришта може да надминат 60 км/ч.

Максималните температури ќе паднат на 6-14°С до 27 март, а во Скопје се очекуваат околу 11 степени. Во повисоките населби на западните и северните делови на земјата можен е и мокар снег.

Метеорологот Славчо Попоски предупреди дека станува збор за необично ладен период за ова време од годината и апелираше граѓаните да се подготват.