Skip to content

Николоски кон Левица: Со хистерија ги качувате становите на 5.000 евра квадрат

0 мин. читање
Сподели

Вицепремиерот Александар Николоски во собраниска расправа остро ја нападна Левица, обвинувајќи ја дека со „хистерија” околу урбанизацијата го блокира развојот на државата и предизвикува раст на цените на становите.

„Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на становите, а младите се иселуваат”, изјави Николоски, предупредувајќи дека цената по квадрат може да достигне 5.000 евра ако продолжи блокадата на урбанистичките планови.

Според него, моменталната цена во Скопје е околу 2.500 евра по квадрат, додека во Охрид достигнува 4.000 евра. Николоски ги истакна и владините иницијативи за привлекување на синџирите Лидл и Спар, како и законските измени за полесна изградба на градинки, болници и паркинзи.

Пратеникот на Левица Амар Мецановиќ возврати со обвинувања дека Владата работи „во дослух со олигархијата” и дека нивните политики ќе го претворат народот во киријаши додека олигарсите градат и профитираат. Тој побара закон за ограничување на кириите.