Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Јапонскиот автомобилски гигант „Нисан“ денес објави дека го продава своето седиште во Јокохама за околу 540 милиони евра, но дека подоцна ќе го земе под закуп, како дел од стратегијата за стабилизирање на финансиската состојба.
Од компанијата наведуваат дека потегот е дел од планот за „дисциплиниран пристап кон капиталната ефикасност“, со цел да се активира вредноста на неосновните средства и да се обезбеди финансиска поддршка во предизвикувачкиот период.
Во исто време, „Нисан“ пријави загуба од 1,2 милијарди евра во првите два квартала, што е драматичен пад во споредба со истиот период минатата година, кога оствари добивка од околу 100 милиони евра.
Компанијата најави дека ќе отпушти околу 20.000 вработени, што претставува 15 проценти од вкупната работна сила на „Нисан“ ширум светот. Паралелно, се затвора и главната фабрика во Јапонија, како дел од процесот на преструктурирање.
Јапонската автомобилска индустрија, во целина, се соочува со сериозни проблеми поради новите царини наметнати од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, што доведе до зголемени трошоци и намалена конкурентност на глобалните пазари.
Од март до септември, вкупната продажба на „Нисан“ падна за речиси 7 проценти, достигнувајќи 31 милијарда евра.
Компанијата соопшти дека глобалната продажба на возила е во пад, особено во Јапонија, но дека пазарите во Кина и САД покажуваат знаци на закрепнување.
„Работиме на нови модели кои ќе ја зголемат конкурентноста и продажбата во наредниот период“, стои во соопштението.
Новото раководство на компанијата, предводено од извршниот директор Иван Еспиноза, кој ја презеде функцијата на почетокот на годината, најавува дека фокусот во наредниот период ќе биде ставен на враќање на профитабилноста и обновување на довербата во брендот „Нисан“.
„Се наоѓаме во фаза на трансформација. Ова е момент на дисциплина и визија, а не на паника“, изјави Еспиноза.
Компанијата се бори да ја врати стабилноста уште од скандалот со поранешниот извршен директор Карлос Гон, кој беше обвинет за финансиски неправилности. Новите загуби и масовните отпуштања го потврдуваат фактот дека „Нисан“ се наоѓа во најдлабоката финансиска криза во последната деценија.
Најновите 10 вести од оваа категорија
СДСМ обвинува дека Владата цела недела не презема мерки, додека РКЕ во понеделник ќе одлучува за нови цени на горивата.
Дау Џонс, S&P 500 и Наздак забележаа пад додека инвеститорите стануваат попретпазливи поради конфликтот на Блискиот Исток.
Инвеститорите бараат безбедни средства додека цените на нафтата растат за повеќе од 35%, а доларот зајакна 1,7% во однос на...
Златото продолжува со умерен раст, достигнувајќи историски рекорди над 5.000 долари по унца, поттикнато од нафтената криза, геополитичките тензии и...
Наредниот понеделник се очекува ново зголемување на цените на деривати. ДУИ бара линеарно зголемување на платите за 3.500 денари, замрзнување...
Меѓународната агенција за енергија прогласи најголемо ослободување на нафтени резерви во историјата - 400 милиони барели, бидејќи конфликтот ги запре...
Конфликтот на Блискиот исток ги поттурна цените на нафтата Brent над 107 долари по барел, а затвореноста на Хормускиот теснец...
Нафтата Brent падна на 86,92 долари по барел откако МАЕ ги разгледа стратешките резерви, иако претходно оваа недела цените скокнаа...
По рекордниот пораст на нафтата на 119,50 долари за барел, Регулаторната комисија за енергетика одреди ново зголемување на цените на...
Кувајт намали производство за 100.000 барели дневно, ОАЕ менуваат рути за извоз — нафтата достигна 93 долари по барел, највисоко...