Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Поранешниот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, кој пред неколку недели беше разрешен поради компромитирачко видео, се соочува со нови проблеми.
По јавната осуда од граѓаните, моралната осуда од Лекарската комора и паричната казна од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за работа со истечена лекарска лиценца, сега против него се подготвува и кривична пријава.
Како што потврдија од МВР за „Фокус“, Кузмановски е пријавен за „загрозување на сигурноста“ според член 144 став 3 од Кривичниот законик.
„На 04.10.2025 во СВР Скопје 54-годишна жена пријавила кривично дело ‘Загрозување на сигурноста’ од страна на И.К. од Скопје. Со И.К. на 07.10.2025 година е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава,“ информираат од МВР.
Доктор Кузмановски беше разрешен од директорската функција само два часа по објавувањето на видеото, на кое се гледа како разговара за консумација на дрога, мешајќи бела прашкаста материја во чинија, додека друго лице – наводно снимателот – учествува во разговорот.
Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го случајот, изјави:
„Тоа што се случи, се случи. Не треба да се враќаме назад. Тоа што моменти на слабост имал директорот поранешен, претпоставувам него ќе го следи во текот на неговиот живот.“
Со најновата пријава, случајот Кузмановски добива и кривична димензија, а јавноста очекува институциите да утврдат дали поранешниот директор прекршил закон и во други аспекти од своето работење.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...