Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Обвинителството во Истанбул го доби финалниот извештај од обдукцијата на четирите членови на турско-германското семејство Бочек, чија смрт предизвика голема вознемиреност во јавноста. Според извештајот на Институтот за судска медицина, сите членови на семејството починале како последица на труење со фосфин – високо токсичен инсектицид што претставува сериозна закана за човековото здравје.
Иако при анализите не биле пронајдени траги од отров во крвта, желудникот или храната што ја консумирале, фосфин бил откриен во значително количество во нивната околина. Турските медиуми, повикувајќи се на извештајот, пренесуваат дека постојат „цврсти докази“ дека смртта е директно поврзана со изложеност на овој опасен гас.
Првичните сомнежи укажуваа дека се работи за труење со храна, бидејќи семејството само неколку часа пред разболувањето посетило туристичка населба и консумирало локални јадења. Но оваа хипотеза брзо беше отфрлена. Истражителите насочија внимание кон хотелот во кој престојувале родителите и нивните две мали деца на возраст од три и шест години.
Извештаите на медиумите дополнително укажуваат дека хотелот користел фосфин за антипаразитско прскање поради наезда од бубачки. Хемикалијата, наводно, преку системот за тоалет се проширила во семејната соба која се наоѓала на друг кат. Набргу по контактот со отровниот гас, сите четворица развиле тешки симптоми, а во рок од неколку денови – сите починале.
Фосфинот, познат и како фосфор хидрид или алуминиум фосфид, е исклучително опасен за луѓето и животните. Во гасовита форма лесно се вдишува и се распределува во телото, предизвикувајќи сериозни оштетувања на црниот дроб, срцето и нервниот систем. Францускиот Институт за здравје и безбедност при работа (ИНРС) предупредува дека изложувањето на високи концентрации најчесто резултира со брза и тешка интоксикација што може да заврши со смрт.
После трагичниот настан, хотелот е затворен, а турските власти привеле 11 лица поврзани со случајот. Истрагата се проширува за да се утврди дали фосфинот е употребен без соодветен надзор и дали биле прекршени протоколите за безбедност при работа со опасни хемикалии.
Трагедијата со семејството Бочек ја отвора темата за безбедноста во туристичките објекти и потребата од строги контроли при користење токсични агенси, особено во простории каде што престојуваат гости.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ирански пратеник изјави дека Украина, преку снабдување на Израел со дронови, влегла во конфликтот и нејзината територија сега е легитимна...
Светските аналитичари предупредуваат дека конфликтот ги надминува регионалните граници - иранската мозаична одбрана и контролата на Хормуз го правеа Запад...
Кремљ соопшти дека глобалните пазари имаат итна потреба од руска нафта поради блокадата на Хормуз, а Вашингтон привремено ги отстрани...
Со распоредување дронови кај теснецот Хормуз, Иран ги натера осигурителите да се повлечат и го сруши нафтениот транзит за 70...
Земјотрес со јачина 5,5 степени по Рихтер ја погоди Турција наутро, со епицентар 46 километри северно од градот Токат. Нема...
Соединетите Американски Држави издадоа 30-дневна дозвола за купување руска сурова нафта на море, со цел да се ублажи кризата со...
Рускиот пратеник Кирил Дмитриев изјави дека Вашингтон почнува подобро да го разбира значењето на руската нафта по продуктивните разговори со...
Силни експлозии го потресоа Дубаи, а густ чад се вивна над финансискиот центар на градот по паѓање остатоци од пресретнат...
Американското министерство за финансии издаде привремена дозвола за купување руска сурова нафта, следејќи ги цените над 100 долари по барел...
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Украина настојува да воведе целосна енергетска блокада на Унгарија, блокирајќи и...