Skip to content

Од 10 април нов ЕУ систем на границите – што треба да знаат македонските граѓани

1 мин. читање
Сподели

Од 10 април Европската Унија го воведува новиот Систем за влез и излез (ЕЕС), кој значително ќе ги промени процедурите на граничните премини за граѓаните на трети земји, вклучувајќи ги и македонските граѓани.

Системот предвидува дигитална регистрација на секој влез и излез од ЕУ преку биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија на лицето. Ова значи дека печатите во пасошите ќе бидат заменети со електронска евиденција.

Поради имплементацијата, најголеми гужви се очекуваат на границите со Унгарија и Хрватска за време на велигденските празници, бидејќи првичната регистрација бара повеќе време.

Првиот пат кога граѓанинот ќе влезе во ЕУ по активирањето на системот, ќе треба да помине низ целосна биометриска регистрација. По тоа, идните поминувања на границата ќе бидат побрзи.

Системот е дел од стратегијата на ЕУ за зајакнување на контролата на надворешните граници и борбата против нелегалната имиграција.