Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Поради одрон на левата коловозна лента кај Башино Село, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес моментално се одвива само по една лента, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Инцидентот е забележан по патарината Сопот и пред тунелите кај Башино Село, а на терен се испратени екипи од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Велес. Вчера на истото место биле регистрирани две сообраќајни незгоди со материјална штета, но без повредени лица.
АМСМ предупредува возачите на влажни коловози низ целата земја и апелира за внимателно возење и почитување на сигнализацијата, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои ризик од одрони — Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.
Од АМСМ потсетуваат дека патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица останува отворен за возила до 3,5 тони, а во тек се градежни работи на повеќе делници, меѓу кои и санација на потпорни ѕидови на обиколницата кај Скопје (пат А2), каде што сообраќајот е пренасочен.
Исто така, на патниот правец Велес–Тетово, меѓу клучките Волково и Кондово, сообраќајот е целосно затворен поради градежни зафати и се одвива двонасочно во должина од околу 300 метри во насока Тетово–Велес.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...