Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Гостивар против двајца полициски службеници од ОВР Кичево, осомничени дека заедно со други лица учествувале во разбојништвото во златарница во Гостивар, при што биле украдени 18 килограми злато.
Според МВР, осомничените полицајци биле лишени од слобода вчера, а против нив е поднесена пријава за кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Истражните органи утврдиле дека на 10 октомври 2025 година, двајцата полицајци, заедно со уште неколку засега непознати лица, го извршиле грабежот во златарницата, при што употребиле физичка сила и закана со огнено оружје.
„Осомничените учествувале во подготовките на грабежот – вршеле извиди на локацијата и следеле како функционира златарницата два дена пред нападот,“ соопштија од МВР.
На денот на грабежот, тие со службено полициско возило го обезбедувале патот за двете возила користени во нападот. Едното возило подоцна било пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар–Дебар, а другото напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар.
МВР и Основното јавно обвинителство Гостивар продолжуваат со мерки и активности за целосно расчистување на случајот, а се трага и по останатите учесници во грабежот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...