Skip to content

Онкологија пред колапс: пациенти без терапија, апарати нефункционални

0 мин. читање
Сподели

Алармантна е состојбата на Клиниката за онкологија. Пациенти со тешки дијагнози се оставени сами на себе – без терапија и без реагенси за испитувања, а дел од апаратите за зрачење не работат.

„Принудени сме да купуваме лекови од странство и да плаќаме приватни анализи,“ велат дел од пациентите, кои предупредуваат дека секое одложување значи ризик по живот.

Раководството на клиниката призна дека апаратот за гинеколошка брахитерапија не работи поради задоцнет договор за сервис. „Се работи на решавање на проблемот,“ велат од Клиниката, но засега терапиите се одложуваат.

Опозицијата реагира со остри критики. „Ова не е бирократски пропуст, туку прашање на живот или смрт. Бараме итна одговорност од министерот за здравство и раководството на клиниката,“ соопштија од СДСМ.