Штип со свеќи и ѕвездено небо им оддаде почит на жртвите од Пулс
17.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, се огласи по тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица.
Тој изјави дека сите околности околу трагедијата ќе бидат детално испитани, но според првичните информации, причина за превртувањето на автобусот била неприлагодена брзина.
„Во несреќата загинаа три лица, а во автобусот имало повеќе од 80 патници. Според последните податоци, 57 се повредени, а седум до осум се во потешка состојба, но стабилни. Ова е навистина тешка трагедија,“ изјави Дачиќ за ТВ Прва.
Тој додаде дека според извештаите на сообраќајната полиција, возачот е одговорен за несреќата поради тоа што возел со несоодветна брзина за условите на патот.
„Се разбира, сега тоа треба да го потврди истрагата. Возачот имал 69 години и неодамна му било продолжено лекарското уверение, дури и со ознака дека е „неограничено“ способен за возење. Треба да се испита како и зошто тоа било дозволено,“ нагласи министерот.
Дачиќ истакна дека иако ниту една анализа нема да ја ублажи болката на семејствата што ги изгубија своите најблиски, државата мора да извлече поуки од ваквите трагедии и да ги преиспита сите пропусти во системот на контрола и безбедност.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Техеран предупреди дека Романија ќе сноси меѓународна одговорност доколку дозволи САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран.
Српскиот претседател одби да прими критики од хрватскиот колега за воорожувањето на Србија.
Претседателката на српскиот парламент ги брани набавките на ракети и укажува дека земјата е во црвена тревога од 1999 година.
Белград стана првата европска држава со кинески ракети CM-400AKG, а Хрватска го покрена прашањето во НАТО.
Српскиот претседател тврди дека тројниот воен сојуз чека поволен геополитички момент за напад, додека Белград рекордно ги зголемува одбранбените трошоци.
Србија стана прва европска земја која ги набави кинеските CM-400 ракети со дострел до 250 км и брзина Мах 4,5,...
Српскиот претседател Вучиќ ги обвини хрватската разузнавачка служба СОА за организирање протести во Србија, а хрватскиот премиер Пленковиќ остро ги...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуката за распишување вонредни парламентарни избори нема да зависи од исходот на локалните гласања...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди набавката на кинески хиперсонични балистички ракети, предупредувајќи дека соседните земји само чекаат поголем конфликт...
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека Србија поседува хиперсонични балистички ракети и изјави дека нејзините соседи го чекаат вистинскиот момент...