Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Европската Унија алармираше за високо ниво на опасниот пестицид метомил во црвени пиперки произведени во Северна Македонија, соопшти Европскиот систем за безбедност на храната (RASFF).
По официјална контрола на пазарот во Хрватска, утврдено е присуство на 0,049 милиграми метомил на килограм, што е пет пати повеќе од дозволената граница од 0,01 mg/kg.
Како резултат на тоа, Европската Унија наложи итно повлекување на производот од продажба. Инспекцијата е спроведена на 23 септември, а официјалното предупредување е објавено на 3 октомври.
Метомилот е инсектицид од типот карбамат, воведен во 1966 година, познат по високата токсичност за луѓето и животните, а може да предизвика сериозни здравствени последици дури и во мали количини.
И додека Европа реагира, во Македонија – молк. Ниту една институција досега не се огласила дали се спроведени контроли, ниту дали е утврдено од каде потекнува контаминираната пиперка.
Кој ќе ја сноси одговорноста за ова?
Зошто токсичната супстанца не била откриена пред производот да замине од земјата?
Кој ја контролира безбедноста на зеленчукот во Македонија – и за извоз, и за домашниот пазар?
Дали некој воопшто води грижа за тоа што стигнува на нашите трпези?
Прашања на кои јавноста сè уште чека одговор.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...