Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Деменцијата најчесто ја поврзуваме со губење на меморијата, но експертите предупредуваат дека тоа не е секогаш првиот знак на болеста. Неврологот д-р Баибинг Ченг, познат на социјалните мрежи како д-р Бинг, открива дека други, посуптилни симптоми можат да укажат на почеток на когнитивен пад — и дека навремено препознавање може да направи огромна разлика.
Според Светската здравствена организација (СЗО), со деменција денес живеат над 57 милиони луѓе ширум светот, а бројката постојано расте. Освен заборавеноста, д-р Ченг истакнува уште пет предупредувачки знаци:
Недостаток на свест за сопствената состојба
Лицето не забележува дека има когнитивни проблеми. Ова не е обично негирање, туку невролошка состојба наречена аносогнозија – мозокот не може да препознае дека нешто не е во ред.
Промена на личноста и однесувањето
Намалување на интерес за секојдневни активности, изолација или обратно – несоодветно однесување, како груби шеги или испади без контрола.
Визии и халуцинации
Некои пациенти почнуваат да гледаат или да слушаат нешта што не постојат, или да веруваат во сценарија без основа – дека некој ги краде или дека блиските се заменети со „туѓинци“.
Лошо расудување и финансиски одлуки
Ова често се манифестира во финансиските одлуки – луѓето може да навлезат во измами, да даваат големи суми пари како подароци или импулсивно да трошат на работи што никогаш порано не би ги купиле.
Повторувачки и бесцелни движења
Ова може да вклучува постојано одење напред-назад, играње со облека или други дејства што немаат јасна цел. Таквото однесување може да изгледа чудно и непотребно, но често е знак дека мозокот повеќе не ги контролира дејствата како порано.
Д-р Ченг апелира:
„Овие знаци често остануваат незабележани, но се клучни за рана дијагноза. Колку порано се открие деменцијата, толку повеќе можеме да помогнеме на пациентот и неговото семејство.“
Ако забележите вакви промени кај блиска личност, важно е веднаш да се консултирате со лекар. Раната интервенција може да го забави текот на болеста и значително да го подобри квалитетот на животот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Секој ден во нашето тело се произведуваат и циркулираат десетици различни хормони. Кај жените, еден хормон е особено одговорен за...
Пикот на сезонскиот грип се очекува во наредните две до три недели, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Тој...
Терминот „празен стомак“ не се однесува само на утринските часови. Тоа е секој момент кога поминале неколку часа без оброк...
Иако чиа семките важат за „суперхрана“ поради богатството со влакна, омега-3 масни киселини и минерали, експертите предупредуваат дека нивната прекумерна...
Руски научници постигнаа медицински пробив каков што досега не е забележан во земјата: за првпат успеаја да уништат малигнен тумор...
Пушењето и загадениот воздух се главните фактори за добивање на хронично опструктивна болест на белите дробови (ХОББ). Во Македонија пациентите...
Бубрезите се тивките херои на нашето тело – постојано ја филтрираат крвта, ги отстрануваат токсините и ја одржуваат рамнотежата на...
На Клиниката за кардиохирургија за прв пат е извршена сложена електрофизиолошка процедура за лекување на тешки срцеви аритмии – интервенција...
Во текот на 43. недела од 2025 година (од 20 до 26 октомври) во земјава се регистрирани 56 случаи на...
На Клиниката за неврологија годишно се евидентираат околу пет илјади нови случаи на мозочен удар, а меѓу пациентите има и...