Skip to content

Пијан и без дозвола предизвикал тешка сообраќајна несреќа кај Берово

1 мин. читање
Сподели

Возач од Берово е уапсен откако пијан и без возачка дозвола предизвикал тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Берово – село Дабиље, на локалитетот „Ширината”.

Инцидентот се случи околу 17:48 часот кога автомобилот Форд управуван од Ѓ.А. (37) се судри со Шкода управувана од А.Г. (40), двајцата од Берово. Алкотестот покажа 1,46 промили алкохол кај возачот на Фордот.

Патникот во Фордот, Џ.Д. (49), претрпе тешки телесни повреди, додека возачот на Шкодата задоби полесни повреди и е прегледан во Општата болница во Кочани.

По налог на јавниот обвинител, возачот веднаш е лишен од слобода, а возилото е одземено. По целосно расветлување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен извештај.