Skip to content

По една деценија застој, Универзалната сала конечно добива нов живот

0 мин. читање
Сподели

Министерот за култура Зоран Љутков објави дека по повеќе од десет години застој, конечно започнува обновата на Универзалната сала — култниот објект што со децении претставува симбол на културниот живот во Скопје.

„Вчера беше завршена постапката за избор на изведувач и донесена е одлука за најповолниот понудувач по принципот ‘клуч на рака’. По потпишувањето на договорот, ќе почнат градежните активности,“ напиша Љутков на својот профил на Фејсбук.

Тој додаде дека особено е горд што за само една година успеале да го деблокираат процесот кој повеќе од деценија стоел заглавен меѓу бирократски препреки и недоволна политичка волја.

„Преземени се сите неопходни мерки – од изработка на нова проектна документација, измени на постојниот проект, до создавање услови за успешна реализација,“ истакна министерот.

Со ова, Универзалната сала конечно ќе го врати заслужениот сјај и повторно ќе стане централно место на културните случувања во главниот град.